Семејството Ковачевски го реновираше машкиот оддел на хирургија во болницата во Битола

Семејството Ковачевски од Битола денес донираше сретства во Клиничката болница Битола. Тие целосно го реновираа машкиот оддел на хирургија и тоа целата санитарија, водовод, обезбедија комплетна опрема за сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизиори, постелнина, реновирана е и работната соба, гардеробите за вработените,реновирани се ходниците.

„Голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на Хируршкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобрите услови за работа. Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка болница- Битола раководена од директорот Др.Зоран Лазаров на семејството Ковачевски им додели благодарница.  Се надеваме дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани“, рече Сузана Конеска, портпарол на Битолската клиничка болница.

Scroll to Top