Моделот Серџо Спасов од агенцијата „Моделс Ин“ стана заштитно лице на светски познатите брендовите Pierre Cardin и Armani за Македонија.
„Серџо одлично се вклопи во целата приказна и ја долови машката естетика во овие одлични комбинации. Овој договор сигурно е чекор напред во кариерата и ќе му донесе нови, интересни проекти во иднина“, велат од неговата матична агенција.
Оттаму додаваат дека Спасов е еден од најбараните машки модели кај нас. Тој досега снимил бројни модни едиторијали, неколку реклами, а во план се и снимања надвор од Македонија.