„Сергеј, чекам да ја критикуваш жена му на Заев“, Јоци го исплеска Варошлија

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци, на својот „фејсбук- профил“  не го поштеди ниту  Сергеј Варошлија , кој на една телевизија   го коментира стилот на познатите, но и анионимни девојки чии слики ги вади од социјалните мрежи.

Јоци, не ретко го споделува својот став, јавно, речиси за сите случувања во земјава, па овој пат и поранешниот фризер дојде на ред.

„Еве чекам Сергеј Варшлија да почне да ги коментира фризурите и облеките на Зоки, жена му и Вице Заеви. Евентуално на Мијалков. Па, да видам што ќе се деси. Вака многу му е лесен животот-најди си жена од фб и направи ја партал за фризура и облека. Додуша една му еба матер, маста му ја извади после тоа.. Малиов, со истакнат кјур пред камера, ко да секој момент ќе си го измава, почнува сериозно да се обликува во женомрзец. Сергеј, фати си, бе, пак да шишаш.

Една беше Луела Парсонс од Холивуд. Ти нит школо имаш за вакво нешто , нит речник. Немаш штоф.. А, и Македонија тешко дека е Холивуд“ му напиша Јоци на Сергеј.

 

Scroll to Top