Сергеј оди на суд, Елена не му ги прости јавните навреди

Поранешниот фризер, Сергеј Варошлија, откако ја навреди јавно водителката Елена Стефановска, коментирајќи како е облечена, веројатно ќе оди на суд. Таа спрема тужба, откако од „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги “ доби зелено светло. Сергеј, неодамна за неа рече “ Оваа изгледа многу лошо и ова не е инфлуенсер, ова не е блогер и мислам дека ако треба да си блогер и инфлуенсер, тогаш оди на расадници и сади шаргарепи, копај, со тоа штиклите прави колци за патлиџани“. Откако вака ја опиша водителката на „Живот со стил“, таа реагираше во „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, со жалба за нарушување на личниот углед, загрозување на интегритетот и како личност и како професионалец во професијата.

Од таму стига одговор дека Агенцијата нејзината преставка ја прифаќа како основана.

„Надзорот покажа дека се основани наводите од претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди“.

Од Агенцијата и ја посочуваат и можноста за обраќање до Советот на честа при „Здружението на новинари на РМ“, како и до „Советот за етика во медиумите во Македонија“. Елена сепак, реши да го тужи Варошлија.

„Правдата е бавна, но секогаш стигнува. Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот, секој си одговара“ – напиша водителката .

(Видео) Камионџија го коментираше Сергеј: Што е со брадавициве, бе?

Scroll to Top