Дора Ристеска, сестрата на починатата поп-ѕвезда Тоше Проески, денеска со торта го одбележа денот на неговото раѓање, 25 јануари. Таа на Инстаграм објави слика од торатата украсена со детелина со четири листа, симбол на среќата.
Не е првпат семејството на Тоше да го одбележи денот на неговото раѓање со торта. Лани, освен тортата, на гробот на Тоше на Гумење, Дора остави торта и порака „најмило мое“.
Гробот на Тоше денес го посетија многу луѓе дојдени од целиот Балкан, кои сакаат да му оддадат почит на денот на неговото раѓање. Некои од нив оставаа подароци, а други торти.