Сестро ма, никој не сака да не поздравува зашто сме канцери: Зоки Фаци и Лила за борбата со ракот

Зоран Василевски , познат како Зоки Фаци е еден од многуте кои ѝ дадоа поддршка на Лила Филиповска во битката со ракот. И еден од првите кој занеше за нејзината болест.

Тој во интревју за Репортер исто така зборуваше за ракот со кој се соочи, а правеше и операција.

Лила минатата недела ја потврди веста која кружеше низ чаршијата дека се борела со ракот и конечно првпат со кратка коса прошета по модната писта откако кажа дека ја победила болеста. Таа им се заблагодари на фановите за илјадниците пораки кои ги доби како поддршка. На фотогрграфијата која таа ја објави, Зоки се потести на една нивна средба кога им било и на двајцата најтешко во животот. Тоа го открива сега откако  двајцата се излекувале од болеста.

„Драга Лилиќ. Се сеќаваш кога седевме во Дион, ти се врати од хе-мо-то и коа ти реков сестро ма, никој не се поздравува со нас зашо сме кан-це-ро-гени. Ете тоа сега е зад нас, да го закопаме во минатото, доаѓаат убави денови, пролетта доаѓа љубави“, вели Зоки.

За потсетување, Зоки со години важеше за еден од најконтроверзните естрадни новинари. Иако се повлече од телевизијата и понатаму привлекува внимание на социјалните мрежи и со јавните престрелки со луѓето од естрадата. Минатата година се оперираше од рак и за Репортер ни рече дека тоа речиси потполно му го сменило животот.

„Кога ми кажаа дека имам тумор, отидов во црква да се помолам. Од ногата ми извадија канцер од 750 грама. На почетокот не можев да си ја гледам лузната. Ми требаше долго време да ја прифатам и да се навикнам на неа. На почетокот се повлеков во себе. Комуницирав само со неколку луѓе, меѓу кои и Лила Филиповска, која ми беше голема поддршка. Поминав лесно, без хемотерапија и две недели по операцијата, веќе бев на нога. Мирот оттогаш го најдов во куќата во Катланово, која ми ја остави татко ми“, ни рече Зоки.

Лила по борбата со ракот: насмеана сум заради илјадниците пораки што ги добив за поддршка

Scroll to Top