Шерон Стоун: Луѓето уште се палат на мене, имам 62, аман – пораснете

Шерон Стоун е холивудска актерка и неодамна во едно интервју за Town & Country зборуваше како се чувствувала во времето на најголемата популарност и дека сега е време луѓето да си најдат други идоли.

„Луѓето сè уште сакаат да ги видат моите гради. Па имам 62 години! Ајде пораснете!“, порача таа, а потоа додаде:

„Навистина никогаш не сум мислела дека сум баш толку секси. Кога го снимав ‘Основен инстинкт’, ја истражував својата мрачна страна и така стекнав некои нови пријатели. Успеав да се донесам самата себе до тоа да не се плашам и да не се срамам од себе и мислам дека тоа е она што луѓето го сметаат секси кај мене“.

 

Scroll to Top