Шпанската Ла Лига објави видео од најдобрите одбрани на Столе Димитриевски

Шпанската Ла Лига објави видео со најдобрите одбрани на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој петта сезона по ред ќе брани за Рајо Ваљекано од Мадрид, а првите луѓе на шпанскиот фудбал го опишаа како „Човекот ѕид“, оти ретко прима голови, а лани беше избран и за еден од најдобрите голмани во лигата.

Сезоната во Шпанија почнува на 12 август, а Рајо својот прв натпревар во новата сезона на Ла Лига ќе го има на „Камп Ноу“ на 13 август против Барселона.

Scroll to Top