„Си-ен-ен“ ја објави приказната за Ембла откако Пендаровски ја посети и заедно отидоа на училиште

Откако претседателот Стево Пендаровски пред неколку дена ја посети Ембла, девојчето со Даунов синдром, која сама во училница го почна второто полугодие и заедно отидоа на училиште, еден од најголемите светски медиуми, „Си-ен-ен“ ја објави приказната за нивната средба. Во текстот со наслов „11-годишно девојче со Даунов синдром беше малтретрирано, па претседателот на државата ја одведе на училиште“ пишува:

„Претседателот Стево Пендаровски ја држеше Ембла Адеми за рака, додека ја водеше до основното училиште во Гостивар минатиот понеделник. Ембла доживеа малтретирање на училиште како резултат на тоа што има Даунов синдром – генетска состојба која предизвикува пречки во учењето, здравствени проблеми и карактеристични црти на лицето – изјави портпаролот на кабинетот на претседателот за ‘Си-ен-ен.

Пендаровски разговараше со родителите на Ембла за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство секојдневно се соочуваат и разговараше за решенијата.

„Претседателот рече дека е неприфатливо однесувањето на оние кои ги загрозуваат правата на децата, особено кога станува збор за деца со нетипичен развој“, пишува „Си-ен-ен“.

Тие не само што треба да ги уживаат правата што ги заслужуваат, туку и да се чувствуваат рамноправни и добредојдени во училишните клупи и училишниот двор. Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучен елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата.

Тоа ќе им помогне на децата како Ембла, но исто така ќе ни помогне и нам да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни“, рекол претседателот. „Си-ен-ен“ го објави и видеото од претседателот кој седи со семејството на Ембла и ѝ дава подароци, но и кога се гледа како 11-годишното девојче пред училишната капија додека таа влегува во зградата, пишува престижниот светски медиум.

Сите сме еднакви во ова општество. Дојдов тука да ја дадам мојата поддршка и да ја зголемам свеста за инклузивноста и дека сите сме еднакви рекол тој.

Светскиот медиум пишува и дека Македонија е некогаш дел од Југославија, мала земја без излез на море во југоисточна Европа во која живеат околу 2 милиони луѓе.

Scroll to Top