Симон Трпчески во родното село на неговата мајка, Секирник ќе го изведе „Македонисмо“

По концертот на македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески во Мајнц, Германија, тој ќе одржи концерт и ќе го промовира музичкиот прокет „Македонисимо“ во родното село на неговата мајка, Секирник.

Концертот го најави во пост на фејсбук кога ги сподели и импресиите од настапот во Германија.

„Прекрасна реакција на „Мајнзер музичко лето“ за одличен камбек на „Македонисмо“ во Германија. Повеќе од снимањето на SWR Radio и нивниот одличен тим. Одлична атмосфера и за оддавање почит на 120-годишнината од Денот на народното востание – „Илинден“ и малку пауза пред следниот концерт во природната околина на родното место на мајка ми во Југоисточна Македонија на крајот на овој месец“, рече Трпчески.

Концертот на отворено ќе се одржи на 26 август, со почеток во 20 часот, а влезот ќе биде слободен.

Трпчески својата прва македонска премиера на „Македонисимо“ ја имаше на сличен ваков начин, но во родното село на неговиот татко, Збажди.

„Македонисимо“ претставува спој на македонската народна музика со џезот и класичната музика, сплет од 23 нумери, најмногу ора и по некоја песна. Музичкиот проект беше создаден во соработка со Трпчески и композиторот Панде Шахов, а го изведува со неговиот бенд составен од Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело), Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал) и Влатко Нушев (удиралки).

„Македонисмо“ светската премиера ја имаше во Германија во 2017.

 

Scroll to Top