Симон Трпчевски издаде нов албум за престижната британска куќа „Лин Рекордс“

Македонскиот пијанист со светска слава, Симон Трпчевски, издаде нов албум за престижната британска куќа „Лин Рекордс“.

На албумот, Трпечeвsки соработува со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, изведувајќи ги двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.

„Беспрекорната техника на Трпчески и чувствителното свирење на оркестарот обезбедуваат задоволство за пијанофилите“, вели издавачот „Лин рекордс“.

Текстот Симон Трпчевски издаде нов албум за престижната британска куќа „Лин Рекордс“ е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top