Симона Поповска стана мајка, уште еден син во домот на пејачката

Пејачката и дерматолог Симона Поповска вторпат стана мајка. Таа ги сподели честитките од најблиските за нејзиниот син Стефан на Инстаграм.

Таа и нејзиниот сопруг, Кристијан Сињори, лани го добија нивното прво дете, синот Никола. Двојката се венча 2018 година.

Веста за раѓањето на нејзиното второ дете ја изненади јавноста, бидејќи ни Симона ни нејзиниот сопруг не открија дека таа е бремена.

За потсетување, Симона речиси 15 години се занимава со музика. Настапуваше и освои награди на бројни фестивали, а долго време настапуваше и низ клубовите во Македонија заедно со диџеј Ерик Фокс.



 

Scroll to Top