Сите приказни собрани во филм: Се снима документарец за „Нокаут“

Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца, намалени контакти, финансиска криза, „Нокаут“  реши да внесе малку свежина во етерот. Денеска тие го промовираа спотот за макфестовската победничка тема „Сакам да живеам“.

– Режијата е на Јован Куциноски, со кого го работевме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.

Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски – Ѓуле.

– Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци нè следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум, кои се снимени во живо, само за потребите на документарецот. Ветуваме необичен видеодокумент со многу необична приказна – откри Перевски.

 

Scroll to Top