Скопјанката Андријана Петрушовска (22) настапи на регионалното шоу „Sвездите на Град“ во мини кожен фустан со песната „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска. Таа го воодушеви жирито со одличната изведба и доби од нив шест гласа.
„Првата песна фантастична, маестрална, без грешка“ ѝ кажа Марија Шерифовиќ.
„Те слушав и на тонската проба, ова е една од најубавите интерпретации кои се случиле оваа сезона“, изјави Александар Милиќ Мили.
View this post on Instagram
Андријана сподели фотографии и видео од настапот на својот инстаграм-профил.
„Пресреќна сум! Се гледаме во 3. круг. Огромно благодарам на сите за поддршката, а посебно на мојот драг ментор Ѓорѓе Давид“, напиша таа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram