Модната дизајнерка Ивана Кнез, сопственичка на брендот Драма, е првата позната личност која го прифати предизвикот 30 дена оформување на своето тело. Таа со сопствен тренер веќе работи на корекција на својата фигура и затегнување на телото со посебен режим на исхрана.
„Кампањата #30dayschallange на Fit Family ја прифатив затоа што пред неколку месеци, кога ослабев 20 килограми, буквално ми останаа дополнителни уште пет килограми кои се најтешки за отсtранување, а со тоа да го зацврстам и обликувам телото како што имав за цел во 2019 година. Задоволна сум што со персонален тренер веќе во првите две недели имаме резултати“, вели Ивана Кнез, моден дизајнер и сопственик на „Драма студио“.
Кнез е само една од познатите од Македонија кои се дел од кампањата #30dayschallenge и ќе имаат различен тип на програми за вежбање.
Вежбањето се одвива во кабината која е затоплена со инфрацрвена лампа преку која инфрацрвените зраци создаваат температура измеѓу 34 и 37 степени. Топлината на зраците длабоко делува на мускулите, ја стимулира циркулацијата и со тоа се стимулира процесот на топење на маснотиите. Се вежба во лежечка позиција во која клиентот ги изведува сите вежби, исклучително под надзор на личен тренер. За да има резултат се вежба минимум два пати во неделата, во времетраење од само 20 до 30 минути.