Некогашната Мис на Македонија, Сања Николиќ наполни 36 години и пред два дена го прослави роденденот. Нејзиниот сопруг, раперот Марко Маринковиќ -Слаткар не пропушти и јавно да ѝ го честита роденденот со порака на Инстаграм .
“Среќен роденден на мојата убава сопруга“,напиша Марко под сликата од Сања.
Откако Слаткар јавно и го честиташе роденденот на Сања, тргаа честитки од сите страни на Инстаграм профилот на Слаткар.
Сања Николиќ, целосно се повлече од јавната сцена. Освен околу музичките обврски на Слаткар, за кои таа е задолжена, веќе со години не се појавува на ТВ екраните.