Слаткар: „Не снимам песна со Гавазова“

Откако фолк-пејачката Сузана Гавазова сподели слика со Слаткар, со порака дека „се спрема нешто ново“, медиумите во Македонија пишуваа дека двајцата музичари ќе испеат дует. Но, Слаткар за „Репортер“ вели дека тоа не е вистина.

„Јас сум и автор, правам музика и за себе, но и за многу други изведувачи. Ако постигнеме договор со Сузана за да ѝ направам песна, ќе ве известам“, ни изјави тој.

Сузана пред неколку месеци со семејството се врати во Македонија, но кариерата повеќе ја насочи кон српскиот пазар, каде што сними неколку песни. Последната песна „Бум бум“, ја промовираше на 1 јануари.

Марко, пак, годината ја почна со најава дека наскоро ќе стане татко и дека со сопругата Сања Николиќ го чекаат своето прво дете.

(А.Ј)

Scroll to Top