Слаткар стана магистер

Марко Маринковиќ – Слаткар од пред некој ден е магистер. Тој магистрираше на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на УТМС.

Марко објави кусо видео на својата фан-страна од фотосесијата по доделувањето на дипломата. Со капа на главата, облечен во сина наметка, тој во свој стил вели: „Магистер по односи со јавност, меѓународен маркетинг менаџмент. МР Марко Маркинковиќ. М цртичка Р“.

И факултетот на Марко се пофали дека уште еден популарен музичар магистрирал кај нив.

„Успехот на Слаткар во периодот кој следи ќе биде неминовно зголемен благодарение на знаењето стекнато на УТМС“, стои на страницата на факултетот.

Слаткар, освен што се занимава со музика, има сопствен бизнис, а меѓу другото, со сопругата Сања Николиќ се сопственици на бар-пивница во центарот на Скопје.

Scroll to Top