Групата Синтезис го најавува славеничкиот концерт по повод нивниот 25 годишен јубилеј од нивната кариера, што ќе се одржи на 23 септември, на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), со почеток во 20 часот.
Специјални гости на коцертот ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.
Синтезис изминативе 25 години имаат одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали. Тие се најголемите амбасадори на македонската музика во регионот и ширум светот.
Групата издаде осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари како што се Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои се Биља Крстиќ и Бистрик.
Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време на пандемија , а билетите во строго ограничен број по цена од 200 денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се.