Славица Ангелова од Струмица победи во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Нањстапи со песната „Угаси ме“ од Парни Ваљак, со која ги освои и публиката и жирито. Со 88367 гласови се најде пред второпласираниот Драган Ѓуриќ чиј ментор беше Цеца и кој освои 71.747 од гласовите.
Славица беше единствената од Македонија која се пласира во финалето под менторство на Ѓорѓе Давид и не ја криеше тремата кога Саша Поповиќ ја прогласи за победник.
„Пред сѐ благодарам на сите што гласаа за мене. Огромно благодарам и на мојот ментор Ѓорге Давид кој несебично се вложи во сите нас, не само во мене. Навистина сум фрапирана и ова реално не го очекував“, рече Славица.
И нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата на Славица беше во транс.
„Славица е филигран која од втор план влезе и направи сериозна приказа. Имавме некои емотивни проблеми во текот на натпреварот, но се разбуди на време, рече Давид.
Со оваа победа, Славица ја доби статутеката Ѕвезда на Гранд, но и договор со продукцијата која застанува зад неа. Славица доби и песна, спот, а ѝ беше подарен и автомобил „Фиат Типо“.
За титулата најдобар пејач на „Ѕвездите на Гранд“ се натпревааруваа уште и Џенан Ракиќ, Мартина Јозиновиќ, Ненад Костов, Маја Јевтиќ, Петар Булатовиќ, Лидија Матиќ, Славица Ангелова, Нејаз Неки Рамчевски, Амна Јусиќ, Хамза Гушиќ, Ксенија Танувиќ, И. Хасиќ, Милан Букилиќ, Ивона Дамјановиќ, Семир Џанковиќ и Драган Ѓуриќ.
За потсетување, Славица музичката кариера ја започна во шоуто „Некои нови клинци“, а по неколку години си ја проба среќата во „Ѕвездите на Гранд“. На македонската јавност ѝ стана позната во 2019 година кога со „Љубовта не боли“ настапи на Макфест, освојувајќи ја наградата за најдобар дебитант.
Дваесет и едногодишната пејачка од Струмица со години се занимава со музика, а слободното време сака да го искористи за патување. Рече дека е амбициозна и опуштена, а нејзината најголема мана е што понекогаш знае да биде тврдоглава..
За време на натпреварот неколку пати реагираше нејзиниот ментор, Ѓоѓа Давид, кој објасни како некои работи сама ги правела и како не го почитувала договорот од пробите. Затоа и редовно била во баражите.
„Не би можела да објаснам, што ми се случува во моментов. Во текот на целото натпреварување постојано се договараме и секогаш се трудам да го испочитувам тоа што го договаравме на пробата, но понекогаш едноставно ми се случува да ја зезнам работата. Но, се надевам дека на крајот сè ќе испадне во ред, исто како и овој пат“, рече Славица.