Следи го својот сон, моја Тамара: Ирена Спасовска не ја крие радоста оти ќерката и стана апсолвентка

 Фолк пејачката Ирена Спасовска се пофали дека нејзината ќерка Тамара е апсолвентка. Покрај фотографија од својата ќерка, Ирена напиша емотивна посвета , па и кажа дека екогаш треба да го следи својот сон.

„Ќерко моја единствена – среќна апсолвентска. Следи го својот сон, тој ќе те одведе до смислата на твоето постоење“.

Тамара е апсолвент за Универзитетот ФОН, каде студира мултимедија и графички дизајн. Во интревју за Репортер неодамна Ирена ни кажа дека Тамара е многу скормна и не сака да ја има во јавноста.

“Таа не се оптертува со она што се пишува за мене. Јас сум за неа најдобрата мајка, а таа за мене е најдобрата ќерка“, ни рече Ирена.

Scroll to Top