Слободанка Боте: Горда сум што Терапија ги освои симпатиите во регионот

Иако Терапија не ја освои наградата Амбасадор, неодамна во Загреб, сепак ги освои симпатиите на регионот и поддршката на медиумската јавност. Самата номинација беше еден голем исчекор за Терапија затоа што промовираат автентичен македонски продукт. За регионалното поврзување во музиката зборуваме со Слободанка Тренчева-Боте, долгогодишна промотерка во рамки на електронската/клупската сцена.

„Да се има визија значи да се има јасно чувство за цела. Ние таа визија како Терапија ја поседувавме. И кога пандемијата ги запре нашите животи ние видовме алтернатива и можност за бегство од секојдневието. Терапија понуди решение и платформа за домашните, а потоа и регионални артисти, да се изразат, да бидат креативни и продуктивни во период кога сè застана. Терапија понуди живот, среќа и нова енергија во еден многу сензитивен период. Нашата цел беше да се развиваме и да работиме и после пандемијата, но немавме строги критериуми и планови по кои ќе се движиме. Денеска сум среќна што таа спонтаност и неоптеретеност придонесе да бидеме послободни во настаните кои ги правиме и артистите со кои соработуваме. Номинацијата за наградата Амбасадор/ уште повеќе нè мотивира да продолжиме со работа, со креирање на нови настани, перформанси и соработки“, вели Трнчевеа-Боте за Репортер и додава дека не сите и давале поддршка на Терапија.

“Многумина беа скептици дека нешто ќе направиме. Горда сум што вие ја препознавте нашата вредност и успеавте да ги видите резултатите од нашата работа и посветеност. Ги освои симпатиите на регионот и поддршката на медиумската јавност. Музиката гради и поврзува светови кои можеби делуваат неспоиво. Отворен ум и срце. Храброст и знаење за да се живее во новиот свет“, вели таа.

Scroll to Top