Според Мариангела Кинг, сопругата на синот на Шер, Елаја Блу, музичарката Шер е „манично депресивна“ и „непогодна“ да биде старател на нејзиниот син, пишува „Пејџ Сикс“.
Во новите судски документи, добиени од страна на „Page Six“, Мариангела Кинг тврди дека обидите на пејачката да ги контролира финансиските одлуки на синот „ќе го загрозат неговото континуирано закрепнување од злоупотреба на супстанции“. „Шер не е способна да управува со сопствените средства, а камоли со средствата на синот“, пишува Кинг во документите.
„Колку што знам, подносителот на барањето никогаш не го знаела безбедносниот пин за својот дом, не вози, не готви ниту се облекува сама и ми призна дека е „манично депресивна““, објаснила сопругата на Елаја Блу Алман, кого пејачката го доби со вториот сопруг, музичарот Грег Алман.
Инаку, Кинг продолжува да изјавува дека личната асистентка на Шер, Џенифер Руиз ги „презела“ приватните и јавните работи на ѕвездата и верува дека таа би го направила истото со Алман, оставајќи го опкружен со бројни „предизвикувачи“ кои повторно би ја разгореле неговата зависност. Кинг, исто така, истакнува дека не верува дека на 47-годишниот Алман му треба старател, но ако судот одлучи дека му е потребен, тоа „не треба да биде неговата мајка“.
Во друга судска жалба, Алман наведува дека „успешно управувал“ со своите финансии, дека изнајмува куќа со Кинг и дека останува трезен до понатамошно известување. Тој, исто така, пишува дека користел финансиски посредник за да плаќа од фондацијата што му ја оставил неговиот покоен татко.
Синот на Шер исто така, наведува дека веќе трипати се поднел на доброволно тестирање на дрога во јануари и сите тестови се негативни, откривајќи дека е чист од „незаконски супстанции“ од 10 октомври 2023 година. Уште едно рочиште е закажано за 29 јануари.
Во меѓувреме, Кинг во подолга изјава за „Page Six“ изјави дека Шер не треба да има контрола врз одлуките на нејзиниот син затоа што еднаш го фрлила во „затворен објект“ во Мексико.
„Отсекогаш сум се залагала за неговата присебност. Она со што не се согласувам се објектите што ме исклучуваат мене (неговата сопруга) од неговото лекување. Не сакам импровизирани, неетички измами и лажна рехабилитација која целосно ги искористува семејствата во очајни ситуации и настојуваат со измама да ги користат осигурителните компании за услуги што не биле обезбедени“, тврди Мариангела.