Со бившиот и со сегашниот маж Тања Кочовска слави роденден

Актерката Тања Кочовска денес полни 55 години. Со фотографија на која е меѓу двајцата сопрузи, сегашниот Предраг Павловски и бившиот Владимир Ендровски – Љац, објави дека ѝ е роденден.

„Иииии со двајцата мажи… 55“, вели Тања за фотографијата. Куп коментари и честитки, а измами и насмевки кај пријателите кои велат: „Само ти можеш вакво нешто и ваква слика да објавиш“. Тања и Предраг се 25 години во брак.

На прашањето како вечер ќе го слави роденденот, вели: „Никако, во кревет сум, имам ковид. Сега сум веќе подобра од она што бев“, ни изјави Тања за „Репортер“.

И со ковид, актерката успеа да го задржи духот и да нарави шега за роденденот. Не е ни тајна дека таа е во добри односи со претходниот сопруг Љац со кого го има синот Александар.

Тања во интервјуто за „Репортер“ неодамна ни раскажа за љубовта со Предраг, која почнала во Театарот за деца и младинци, а во пет часот во кафеана, ја побарал за жена: „Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш. Ама, ете, се зедовме. Постојано ми го крева притисокот зошто тој е многу помирен од мене, јас сум поексплозивна и жива“, раскажа Тања, која со Предраг ја имаат ќерката Нела.

Кочовска тогаш зборуваше и за поранешниот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац .

„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам“ ни раскажа тогаш Тања.

Александра Георгиев

Scroll to Top