Со кралска шапка и влечки Боки 13 ко да доаѓа од Монте Карло, а не од затвор

Во кожени влечки „гучи“ и панама-шапка, каква што носат челновите на кралските семејстава, Боки 13 денес дојде пред судот во Скопје. Но, судењето беше одложено затоа што не дошле сведоците. Настрана судот, Боки 13 дојде дотеран по последна мода.

Од чанта „луј витон“, свилена марама околу вратот и модните додатоци остава впечаток ко да доаѓа од Монте Карло, а не од затвор. Боки 13 веќе три години е во затворот во Идризово. Не е тајна дека со стилот секогаш привлекува внимание. На социјалните мрежи коментираат дека и во „Идризово“ внимава што ќе облече и како ќе изгледа.

Scroll to Top