Со летно фото среде зима Калиопи сама си го честита роденден: Баш таков ми е животот

Поп-дивата Калиопи денес слави роденден. Пејачката полни 56 години. Таа објави фотографија додека лежи на плажа и вели се радува на нејзините години, дека е задоволна од животот, па и затоа објавила летна фотка среде зима, оти таков е нејзиниот живот.

„За сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања , мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима. Е па, затоа што токму таков е и мојот живот. А јас, се разбира, преблагодарна. Ве сака Опи. Среќен ми роденден“, стои под објавата.

Калиопи минатата година роденденот го одбележа со фотографии од нејзиното детство и песната „Роденден“, која за неа пред 6 години ја напиша нејзиниот поранешен маж, Ромео Грил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Scroll to Top