Со „Пукни зоро“ во Косово се женеше градоначалникот Саша Богдановиќ

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, вчера се венча со својата избраничка Јелена Брауновиќ, наставничка во скопското основно училиште „Киро Глигоров“. Двојката се венча во дворот на средновековниот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница. Младоженецот пристигнал облечен во костум, а Јелена била облечена во комбинација на традиционалното и модерното, бел невестински фустан со етноелементи  и кус и долг елек, кои се дел од црногорската женска народна носија. Таа е родена во Скопје, но по потекло е од Црна Гора. На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија.

фото: В. Ћуп, ГрачаницаОнлајн

„Нашата љубов почна тука, доаѓавме често тука поради празниците, поради некои хуманитарни активности што ги имавме тука во Косово. Сакавме да ја овековечиме нашата љубов, која почна тука, токму во Грачаница“, раскажа градоначалникот Саша Богдановиќ.

Во црквата ги венча архимандритот Иларион.

фото: В. Ћуп, ГрачаницаОнлајн

 

По венчавката, ни раскажаа гостите што беа на свадбата, маладите заминале во познат ресторан во Грачаница, каде што било весело, но немало многу гости. Највесели биле младенците, кои ја отвориле свадбата со познатата песна „Пукни зоро“. По ова, се пееле и српски и македонски песни за невестата и за градоначалникот на Центар.

фото: В. Ћуп, ГрачаницаОнлајн

Пред неколку дена градоначалникот Богдановиќ рече дека со оглед на тоа што свадбените веселби во Македонија се забранети поради епидемијата на коронавирусот, кога ќе има услови, со Јелена ќе направат и свадба во Скопје за своите роднини и пријатели.

 

Scroll to Top