Сопругата на Кили раскажа за сексуалното вознемирување од Тома Здравковиќ

Сопругата на актерот Кирил Поп Христов, кореографката и професорка по танц Гордана Деан, на својот фејсбук-профил објави статус во кој тврди дека починатиот легендарен српски пејач Тома Здравковиќ сексуално малтретирал една нејзина пријателка во автомобил. Таа  ја раскажа и случката за време на патувањето за  Нови Сад .

“ Тома Здравковиќ… Имав 20 години, учествувавме со кореографија на Суботичко културно лето, а во ‘културната’ програма и Тома Здравковиќ… сè заврши околу полноќ и организаторите рекоа дека Тома ќе нè вози во Нови Сад. Бевме три девојчиња, другарката и јас позади и една напред.. набргу се слушна, немојте Томо, што правите, не сакам… чкрипење сопирачки. ‘Мрш надвор’, ѝ рече и ја исфрли на сред автопат во 12 часот навечер, во идеална темница. Плачевме, молевме да се врати по неа и очигледно се сети дека може да одговара за тоа што го направи, до крајот на патувањето седевме трите позади, збор не проговоривме… до денеска“, пишува Деан во својот фејсбук-статус.  Тома Здравковиќ почина во 1991 година.

 

 

Scroll to Top