Дац и Алкесандар прославуваат 4 години од постоење како дуо. Нивната приказна започнала сосема случајно, на иницијатива на нивните блиски пријатели кои ги убедувале дека треба да запеат нешто заедно.
Тие се потсетуваат и раскажуваат за тој 26-ти јануари во 2019 година кога во едно скопско кафуле, ноќта пред роденденот на Александар во кругот на блиски пријатели отпеале неколку песни.
„Во „Плеј ол деј“, кај Целе и Паскал ги собравме најблиските пријатели да не преслушаат дали сме добри и да ги забавуваме. Таа вечер сите рекоа дека треба да продолжиме и дека прекрасно си поминале. Почнавме со 10-тина песни, па растеше бројот, ни се приклучи и нашиот DJ Миле Ѓуриќ, пеевме песни што ги сакаме. Целата таа 2019 година си пеевме во Play, па потоа и во Мартини, се додека не дојде моментот за нашата прва авторска песна “Цреши охридски” со која се појавивме како дуо на Охрид Фест“, раскажаа Дац и Александар.
Присутните на таа журка тогаш биле сведоци на создавањето на дуото кое веќе 4 години носи насмевки, љубов, позитивна енергија, велат Дац и Александар.
„Секако и на сите вам кои сте заедно со нас од летото 2019-та кога почна да постои и оваа страница – нашиот љубовен дневник каде што се дружиме секојдневно. Ве сакаме сите“, напишаа Дац и Александар.
Инаку Александар Митевски денеска прославува 45. роденден.