„Срамота е естраден уметник да земе пари од Владата, тогаш нека фати друго да работи“-Јордан Митев се откажа од 14.500

Откако Владата објави дека ќе ја помогне естрадата со 14.500 денари , за април и мај, почнаа муабетите кој е ѕвезда, а кој не?   Фолк пејачот Јордан Митев се откажа од тие пари, како вели, „ во името на сите кои живеат со минимална плата и кои во време на пандемијата можеби и останале без работа, а имаат семејства“.

Митев ја прочитал  информацијата и ја поздравува одлуката на Владата што ќе помогнат на музичарите во нашата земја погодени од корона кризата.

„Но, чувствувам морална обврска да се оградам и да појаснам дека јас не сум на таков список, никаде не сум потпишан на таква иницијатива, ниту пак некој ме прашал за да се потпишам. Мојот личен став е следен: Срамота и нехумано е вистински естраден уметник да бара 14.500 денари помош од државата! Тој што работел добро и домаќински во нашата каква – таква професионална естрада ќе може да ја преживее оваа криза, тој што не работел добро и домаќински и пред корона кризата бил во криза и по короната пак ќе биде во криза. Таквите естрадни уметници кои што преживуваат и кои што чекаат од државата 14.500денари можеби попаметно е да си фатат постабилна и сигурна работа, а естрадата да ја остават на оние кои што можат добро да пливаат во тие води. Така ќе ни се зголеми и квалитетот и цената. Во Македонија има многу ранливи категории на луѓе, луѓе кои и пред короната работеле за многу ниски примања или немале воопшто а сега можеби се и без работа. На таквите луѓе треба најмногу да и се помогне, вели Јордан Митев , за ммс.мк

Јордан смета дека да се биде уметник пред се е да се биде хуман и да се помага. Секој пејач што држи до себе, што вреди, не е за 14.500 денари.

Scroll to Top