Стефан Богоев стана татко: Стигна Лука во нашиот дом

Поранешниот градоначалник и сегашен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев и неговата сопруга Ивана станаа родители. Веста дека добиле син ја објави Богоев кој напиша дека додека се шетал со кучето Бенџи добил порака од Ивана дека се породила и дека го добиле синот Лука.

„Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Нов член во екипа Богоеви“, рече Богоев.

За потсетување, Богоев и Ивана Анѓеловска се венчаа во 2018 година. Венчавката беше во црквата „Св. Пантелејмон“ во времето кога тој беше градоначалник на Карпош.

 

Scroll to Top