Стефан Величковски со нова песна за Денот на виното и љубовта

Поранешнот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски, наскоро ќе објави нова љубовна песна „Остани со мене“. Тој сними спот за неа и најави дека видеото ќе го промовира на 14 февруари, денот на љубовта и виното. Музиката е на Александар и Ванчо Тарабунов, а аранжманот го направи Драган Ристовски.

Стефан вели дека дека дава сè од себе на снимањето и дека не му останува многу слободно време.

„Во моментов го снимаме спотот. Планирам да ја објавам песната за Денот на виното и љубовта и мислам дека ќе усреќам многу заљубени двојки“, рече Стефан. Тој додава дека поради честите настапи не може да се посвети на создавање авторска музика.

За потсетување, Стефан годинава го помина првиот круг од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, но самиот го напушти пред почетокот на вториот круг за да може да ѝ се посвети на кариерата.

 

Scroll to Top