Стефан Величковски во четвртиот круг на „Гранд“

Македонскиот пејач Стефан Величковски имаше одличен настап во музичкото шоу „Гранд“ со кој обезбеди пласман во четвртиот круг. Величковски настапи со „Једина“ од Владо Георгиев и „Продужи даље“ од Здравко Чолиќ.

Негов противник во третиот круг беше Филип Пецовски, кандидат чиј ментор е Јелена Карлеуша. Пејачот неколку дена пред настапот се пофали дека со тимот на Вики Миљковиќ, се подготвени за новите предизвици и успеси.

 

Scroll to Top