Стоeчки овации на премиерата на „Кајмак“ во Софија: актерската екипа на вечера со оскаровци

Овации и аплауз на премиерата на „Кајмак“ на Милчо Манчевски вчеравечер во Софија на 27-то издание на „Софија филм фест“. Преполна сала за да го погледнат последното филмско остварување на македонскиот режисер.

Актерската екипа составена од Ана Стојановска,Сара Климоска и Александар Микиќ беа дел од премиерата. Ана за Репортер раскажува дека било многу убаво вечеравчер, но и во Белград минатата недела и дека филмот одлично го прифаќа публиката.

„После филмот имаше прашања и одговори. Публиката имаше прашања за сите нас. Прашања за името на филмот, за сексуалната слобода, за слободата генерално, а атмосферата во салата беше ептен фина“, рече Ана за Репортер.

Таа открива дека по премиерата во Софија биле поканети на вечера со двајцаta оскаровци, полскиот директор на филм и театар Krzysztof Zanussi и Jan Svěrák, чешки филмски директор.

Покрај премиерата на „Кајмак“ на интернационалниот филмски фестивал „Софија филм фест“, претставена била и  целосна ретроспектива на творештвото на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и две од краткометражните дела. Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери што ја имале честа да им бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на нивниот опус досега.

Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27-то издание на фестивалот, кој се отвори на 17 -ти и ќе трае до 31-ви март.

Scroll to Top