Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов деновиве со семејството е на одмор во Грција. Со сопругата Јасминка прославија годишнина од брак, но рече дека штом почне да гори одма се враќа во Македонија.
„Ме нема мене, нема пожари. До дождот ли е, до мене ли е? Да си останам со семејството уште еден ден на море, штом почне да гори јас сум веднаш горе. За саат и пол преку регионот директ во Републиката.
Плус, денес ни е годишнина од брак со љубовта на мојот живот Јасминка Ангелова. Двете наши деца, 14 и 15 годишни тинејџери не сакаат ниту да слушнат да објавам фотографија со нив“, рече Стојанче.
Стојанче деновиве повторно беше на мета на тивтерџиите откако објави фотографија од под Олимп. Некои му пишаа дека изгорел како ќерамида, други пак дека имал холивудска градба и дека многу личел на Адам Драјвер. Тој ги прифати шегите и рече дека се добри дури и кога се на негова сметка.