Столе Димитриевски е многу блиску летово да го засили Реал Мадрид

Македонскиот голман Столе Димитриевски е многу блиску да направи трансфер во најтрофејниот европски и шпански клуб Реал Мадрид. Откако во Мадрид не успеаа да го договорат Давид Сориа кој ќе остане во Хетафе, Македонецот е се поблиску да застане на голот на Реал Мадрид.

Од Реал Мадрид ќе си замине Украинецот Андриј Лунин, па сега раководството бара соодветна замена за првиот голман Куртоа, а Димитриевски е идеално решение, сметаат од клубот. Единствена пречка за овој трансфер би можел да биде голманот на Еспањол, Фернандо Пачеко, кој е исто така на мета во Мадрид.

За потсетување, Димитриевски во минатото се поврзуваше и со Барселона.

Scroll to Top