Столе Димитриевски е првиот голман во последните 20 години, кој на три натпревари по ред не примил гол од Барселона

By

Македонскиот голман Столе Димитриевски стана првиот голман во последните 20 години, кој на три последователни натпревари во шпанското првенство, не примил гол од Барселона.

dobivaj vesti na viber

Неговиот тим Рајо Ваљекано на синоќешното гостување против Барслеона одигра нерешено, 0:0, а Столе и одолеа на сите напади на фудбалските ѕвезди Левандовски, Дембеле, Рафиња и го сочува голот. Исто беше и лани кога беше одличен во победата на домашен терен.

Тогаш го одбрани пеналот на Депај, а одличен беше и во победата на „Камп ноу“.

За потсетување, Столе Димитриевски во јануари беше многу блиску до преселба на „Камп Ноу“, но трансферот пропадна поради одбивањето на голманот Нето да го напушти клубот. За „Репортер“ Столе ни кажа дека бил многу блиску до потпишување на договорот, но дека на крајот работите не завршиле како што посакувал.

„Бев многу блиску до потпишување договор, ама ете, работите не завршија како што посакувавме. Јас имам уште две години договор со Рајо, но сега почнува сезоната на трансфери, па ќе видиме што ќе се случи до крајот на летото“, ни рече Столе.

Ќе ви се допадне