Струмичани организираат пречек за Славица Ангелова победничка на „Гранд“ на градскиот плоштад

Победничката на „Гранд“, Славица Ангелова во вторник ќе биде пречекана на градскиот плоштад во Струмица.

„Победата на секој струмичанец, е победа на градот, местото од кај што извираат таленти, една од тие е Славица Ангелова која го освои првото место на балканското музичко шоу ,,Ѕвездите на гранд”.

По тој повод ги поканивме нашата Славица и нејзиниот ментор Џорџе Давид заедно да го прославиме успехот. Се гледаме на 4. јули вторник во градскиот парк во 20:30“, рече градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Славица Ангелова од Струмица победи во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Настапи со песната „Угаси ме“ од Парни Ваљак, со која ги освои и публиката и жирито. Со 88367 гласови се најде пред второпласираниот Драган Ѓуриќ чиј ментор беше Цеца и кој освои 71.747 од гласовите.

Славица беше единствената од Македонија која се пласира во финалето под менторство на Ѓорѓе Давид.

Scroll to Top