Струмичанката Славица Ангелова растури во „Ѕвездите на Гранд“, уште една Македонка го крена на нозе жирито

Македонската натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова од Струмица, вчера го воодушеви жирито со нејзиниот настап. Таа растури на сцената и ги доби сите шест гласови од жирито и влезе во шестиот круг од натпреварувањето.

Славица ја пееше песната „Да те сакам“ од Александра Ковач, а нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид рече дека таква пејачка како неа се раѓа еднаш во 30, 40 години. На жирито особено им се допадна нејзиниот стајлинг, за кој Славица рече дека се погржиле од модната куќа „Елена Лука“.

За потсетување ова не е прво музичко шоу на кое се натпреварува Славица. Таа претходно пеела и во „Некои нови клинци“, а во 2019 се појави и во бугарското музичко шоу The voice.

Scroll to Top