Супермен за роденденот на Александар Белов

Пејачот Александар Белов наполни 36 години. Роденденот го славеше дома, со ќерката Мина и сопругата Јелена, од кои доби торта Супермен. Објави и неколку слики на социјалните мрежи, па вели, денот го поминал со оние што ги сака најмногу.

„Сакајте ги оние што ви поклонуваат повеќе од самите поклони“, напиша пејачот и им се заблагодари на сите што му честитаа.

Александар веќе неколку години живее во Србија и често објавува семејни слики. Неодамна во разговор за „Репортер“ тој зборуваше за татковството, па раскажа дека кога дознал дека сопругата е бремена, потајно се надевал дека ќе добие ќерка.

„Долго размислувавме за името и решивме да се вика Мина, бидејќи не се повторува ниедна буква во името и презимето, што ни беше многу интересно“, рече тогаш Александар.

Scroll to Top