Сузана Спасовска снима црковна музика за да ја доближи до помладата публика

Фолк-пејачката Сузана Спасовска снима албум со црковни песни, за како што вели литургиски химни да се доближат до народот. Станува збор за црковниот проект „Терирем“, за кој пејачата вели дека е работен со љубов и трпение.

Овој малку поразличен аудио проект на Спасовска ќе биде промовиран и со концерти.

„Сузана Спасовска – солист, Георгиј Секуловски (поддршка, консултации, вокал) и Вокален клирос “Пелагонитиса”. Ова е обид, одбраните верзии на Православните литургиски химни да ги доближиме до народот и помладата популација. Црковните песнопоенија и фолклорот се природно поврзани, а Бог ни дал слобода секој да ги почувствува на свој начин во своето срце“, рече пејачката.

Таа на социјалните мрежи објави видеа и фотографиите од првите проби.

Scroll to Top