Сузана Турунџиева вечерва во рамките на манифестацијата „Бит фест“ во Битола ќе настапи пред битолчани со безвременска музика на својата авторска вечер. Настапот е во 21 часот.
„Ќе ви пеам безвременска музика, онаа која нема рок на траење и ја слушаат сите генерации, и ќе ви го претставам целото мое пишано творештво, со акцент на најновото дело ‘Среќометар’, кое ги надмина и моите очекувања“, вели во поканата Сузана.