Сузана Турунџиева на одмор со ќерката Матеа

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева објави фотографии од нејзината помала ќерка Матеа, со која заедно се на летување.

„Единствената предност кога работиш на утринска програма е што имаш привилегија барем 2 часа рано наутро да си уживаш на “приватна” плажа. Е после некое време веќе не е приватна“, напиша водителката.

До фотките напиша дека доколку таа би се прашувала во училиште би се учело само пеење, пливање, дишење, свирење, танцување, цртање, почитување, читање и пишување, посебно акцнет стави на тоа да се изучува како да се биде човек и да се мисли со своја глава.

„Би се изучувало и: готвење, плетење, шиење, ситни поправки, планинарење, обработка на земја и одговорност за животните. Посебен акцент би ставила на: љубовта и должноста кон татковината, предците, а особено би се изучувал предмет за заштита на културно историското минато. Задолжителни предмети би биле: смеење, гушкање, помагање на немоќни и грижа за животната средина. Тука би додала и изборни предмети во кои би ги ставила сите јазици во светот.Секому по избор! – Да се прашувам јас, во училиштата пред и над се, би се учело да бидеш човек и да мислиш со своја глава, ама не се прашувам јас“, напиша Сузана.

Поголемата ќерка на Турунџиева од бракот со Александар Маленко, Лори се омажи за Филип во 2018 година, кои следната година го добија синот Јаков.

 

Scroll to Top