Познатата фолк пејачка Сузана Спасова стана баба. Вчера се породи нејината ќерка , која се омажи лани во октомври.
Среќната баба на својот фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ па со песна ја сподели радосната вест и напиша: „Дар Божји за родителите и радост голема! На 30 аептември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“.
За потсетување свадбата на Теона со долгогодишното момче Виктор Велковски беше во ресторанот „Везилка“. Сузе беше највесела од сите – таа запеа и направи вистински џумбуш на свадбата. Теона и Виктор ги запазија македонските адети. Пред свадбата тие беа долго време во врска.