Светскиот диџеј Стив Аоки носи патики од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски

Светскиот диџеј Стив Аоки се пофали дека ќе носи патики што за него ги дизајнира Сатја Грабулоски. Тој објави видео и ги покажа патиките на неговите следбеници.

„Ова се патики ‘метазу аоки’ од моите пријатели. Пораката што ми ја испратија вели дека се рачно нацртани и дека за да ги направат патиките, потрошиле 107 часа. Фантастични се“, рече Аоки во видеото што го објави на инстаграм-стори.

Ова не се првите обувки што Грабулоски и неговиот тим ги направија за познатиот диџеј. Тие и пред две години за него изработија уникатни патики, а тогаш му ги дадоа на едно од гостувањата во Македонија.

За потсетување, Грабулоски со години дизајнира патики за светските ѕвезди, а меѓу оние што носат патики со потписот на Свитадот се и Мајли Сајрус, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс, Дуа Липа, Серхио Рамос, Рајан Тедер, Горан Пандев, Елиф Елмас, Тимур Дибиров и други.

Scroll to Top