Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, неофицијално, поради тешки респираторни проблеми кои ги имал изминативе денови, пренсе „Макфакс“.

Информацијата  ја потврдил портпаролот на ДУИ, Артан Груби, кој кажа дека нема повеќе детали поради тоа што е отсутен од државата.

Претходно, позитивен тест на коронавирус имаа министерот за образование, Арбер Адеми, и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои информацијата ја споделија на социјалните мрежи.

Scroll to Top