Тамара, Ламбе, Лоба, „Два бона“ и уште куп популарни имиња се враќаат на „Макфест“

By

Музичкиот фестивал „Макфест“ годинава ќе се одржи на 21 и 22-ри октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. На него ќе настапат околу 25 изведувачи, а меѓу нив ќе бидат Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска, со дует ќе се претстават раперот Пајак и Лара Иванова, атрактивната Андријана Петрушовска и многу други.

dobivaj vesti na viber

На фестивалот досега имаат настапено стотина изведувачи, најмногу од Македонија, а имало и од земјите од регионот и пошироко, но она што го прави посебен, е големиот број хитови и многу евергрини во секакви стилови и жанрови. Уметничкиот директор, Роберт Саздов, рече дека и годинава интересот е голем кај македонските артисти и дека ќе доминираат модерени звуци.

„Интересот е навистина голем и тоа не радува сите. Како што знаете, ќе има два вечери, првата е натпреварувачка, додека втората вечер е ревијална. Она што особено морам да го истакнам е дека на конкурсот изведувачите и композиторите пријавија доста модерни песни“, рече Саздов.

 

Ќе ви се допадне