Тамара Тодевска водителка на MAC наградите

Поп-пејачката Тамара Тодевска ќе биде една од водителките на регионалната музичка манифестација МАС, која ќе се одржи на 27 јануари во Белград. Освен Тамара, водителки на настанот ќе бидат и Галеб Никачевиќ, Ана Радишиќ. Ова е второ доделување на МАС наградите, замислено како регионално шоу во кое се номинирани најдобрите музичари од регионот во неколку различни категории.

„Среќна сум што ќе бдам дел од MAC. Тоа е ноќ во која ја славиме музиката, различноста и што е најважно – неверојатниот талент на нашите регионални музички уметници,“ вели Тамара.

Според организаторите, на црвениот тепих во „Штарк арената“ ќе прошетаат преку 400 познати лица од шест земји учеснички: Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Освен доделувањето на наградите, ќе има и многу музички настапи, меѓу нив и Нина Бадриќ, Калиопи, Лепа Брена, Сенида и други.

Scroll to Top