Фолк-пејачката Татјана Лазаревска е на патување во Канада со сопругот Новица Василевски, поранешен пејач на групата „Биоритам“. Двојката имаше неколку настапи пред македонските иселеници во Торонто, но Татјана и Новоица најдоа време и да прошетаат, па отидоа и до водопадите на Нијагара. Пејачката на „Инстаграм“ објави неколку слики од патувањето.
„Мојот човек! На најромантичното место на светот“, напиша таа покрај една од фотографиите сликани на Нијагара.
Пријателите им порачаа дека и по многу години брак изгледаат заљубено и среќно и им посакаат љубовната среќа да ги следи цел живот.
Татјана и Новица пред неколку години се преселија во Австралија. Минатото лето пејачката дојде во Македонија и помина еден месец со семејството и пријателите. Во тоа време често објавуваше слики од дружењето со своите колеги-пејачи.