Татјана се забавуваше на песните на Лозано на концерт во Мелбурн

Поп- пејачот Влатко Лозановски Лозано, деновиве е на турнеја низ Австралија. За време на концертите, се виде со голем број пријатели и колеги во Австралија. Меѓу нив беше и пејачката Татјана Лазаревска со која заедно се дружеа во фан клубот во Мелбурн.

„Со нашиот славеј“, рече Татјана и објави заедничка фотографија.

За потсетување, Лозано периодов има концерти во Сиднеј, Мелбурн, Перт, а за првпат за Велигден пееше и во Волонгонг. Рече дека со нетрпение чекал да ги отпее неговите најголеми хитови пред нашинците во Австралија.

Татјана веќе неколку години со семејството живее во Австралија, па откога е таму често пее на македонски свадби и прослави, но и на балкански журки што се организираат низ цела Австралија.

Во интервју за „Репортер“ ни раскажа дека во Австралија се среќни, каде таа покрај пеењето работи и како воспитувачка во градинка, а нејзиниот сопруг, пејачот Новица е возач на школски автобус.

Scroll to Top